Press "Enter" to skip to content

И битолските чупиња охрабрени да станат дел од СТЕМ светот преку DigiGirlz караванот

ФИКТ од Битола, при УКЛО, беше со полна сала млади девојчиња со цел да се охрабрат да станат дел од светот на СТЕМ професиите. Исто како и во Скопје, Штип и Тетово стотици средношколки беа дел од уникатни предавања во склоп на DigiGirlz караванот организиран од Мајкрософт Македонија.

Познати и успешни жени од ИТ и другите СТЕМ професии застанаа на подиумот пред девојчињата и разговараа со нив на голем број на теми, но најголем ефект имаа нивните приказни. Како тие успеале во животот и како тие ја имаа пронајдено иднината во ИТ беше клучниот момент.-Обраќањето и охрабрувањето од страна на овие жени е најзначајно за поставување на темелите на иднината на овие девојчиња затоа што иако 40% од нив би дипломирале на факултети како ФИНКИ тоа не значи дека би продолжиле во овие професии кои носат многу стабилност и сигурност, порачаа од Мајкрософт Македонија.

-Клучот на иднината е во наши раце и овие денови им го даваме на младите. Нивната амбиција и интерес ќе вроди знаење и работа која ќе промени светот. Затоа одлучивме тука да го поставиме темелите на напредокот на општеството, во храброста на девојчињата кои беа со нас, порача Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер за модерното работно место за 24 држави.

Во амфитеатрите и салите се обратија 24 говорници во 4 градови за околу 400 девојчиња кои сега се целосно запознаени со тоа што може да им донесат СТЕМ професиите. Покрај самите обраќања за младите беа организирани показни вежби и симулации со цел да го допрат ИТ светот, не само да слушнат за него. Самиот DigiGirlz караван беше организиран од страна на Мајкрософт Македонија во склоп на YouthSpark иницијативата на глобално ниво.