Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Комуналец“ од дома го зема габаритниот отпад, но некои уште сами му бараат чаре

Екипи на ЈП „Комуналец“ деновиве започнаа да го собираа габаритниот отпад од стар мебел, од граѓаните, кои совесно, пријавиле во ова јавно претпријатие, без разлика дали е од домовите или деловните простори.

Наместо на улици, во реката, или да се создаваат непотребни депонии во градот и околината, од ова јавно претпријатие апелираат до граѓаните да пријават кога поседуваат габаритен отпад.“Комуналците“ во првата можна прилика, екипите соодветно ќе го отстранат од договорената локација, која ќе ј наведат граѓаните, односно, од пред нивните домови или деловни простории.

Телефон за пријавување на габаритен отпад во ЈП “Комуналец“, 047 207 400.