Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките со пораз во полуфинале патуваат на реваншот од Купот (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Наковски Волеј 0:3 (16:25, 17:25, 16:25)

Одбојкарките на Пелистер по поразот во првиот полуфинален натпревар се поразени во Битола од екипата на Наковски Волеј со 3:0 по сетови, во натпревар во кој кој комплетно потфрлија. Па реваншот за тоа кој ќе биде финалист во Купот е само формалност, бидејќки тешко во Струмица “пелисрерки“ да добијат без изгубен сет.Вака размислува и тренерот на Пелистер, Роберт Митковски кој вели:-Потвфливме на секоја позиција и плус на тоа направивме и огромен број на грешки, вкупно 49, што е премногу за полунале од Куп и борба за пласман во финале, па така резултатот е само реална слика за прикажаната игра. Неразбирливо отсуствуваше желбата за надигрување, на моменти игравме во грч, а на сето тоа во ниеден момент не се држевме до договорот за начинот на игра и додава:-Слаба и бледа партија во која како да се докажувавме кој повеќе ќе погреши, по која ни останува само да се обидиме да дадеме сé од себе во реваншот за да го поправиме севкупниот впечаток и евентуално да одговориме на предизвикот по огромната и заслужена победа на гостите, на кои спортски им честитаме.Судиската двојка од Велес, Амбарков – Белевски, која судеше перфектно и максимално коректно, онака како што доликува на едно полуфинале.Статистиката која прецизно ја водат во клубот, вели дека Пелистер во три сета освои само 26 поени, што е под секое ниво од кои само 14 од напад, 6 блок поени и 6 ас поени. Одбојкарките направија дури 49 грешки, 24 од напад, 13 сервис грешки и 12 грешни приеми, а беа запрени 5 пати на блок.

Поените ги освоија: Симона Стојановска 11, Софија Петличковска 5, Ана Пејовска 3

Сара Димовска 3, Теодора Андоновска 1, Ева Трпеновска 1, Тамара Жабјановска 1, Изабела Димовска 1.

More from СпортMore posts in Спорт »