Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повторно напади, тепачки, сообраќајни контроли и кривични за поседување на марихуана

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.З. (22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.10.2017 во Битола, полициски службеници се обиделе да извршат преглед над пријавениот, по што тој се дал во бегство, при што фрлил пакување со марихуана.

Во СВР Битола, З.Ш. од Битола пријавил дека околу 21.45 часот на улица “Кирил Пејчиновиќ“ во Битола бил физички нападнат од М.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Битола било пријавено дека во близина на кафе бар на улица “Партизанска” во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  З.Ц. (38) од с. Олевени и Љ.Т. (39) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 15 април во СВР Битола, С.З. (51)  од Демир Хисар  пријавил дека во објектот на поранешната ,,Маслара“, каде вршел физичко обезбедување на објектот, физички бил нападнат од неговиот колега П.Л. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 15  април  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 433 возачи ,од кои 13 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила , четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото,и исто така еден возач не користел сигурносен појас.