Press "Enter" to skip to content

“GAUSS Институтот“ овозможи претставување на компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија (фотогалерија)

Денес во хотелот “Епинал“ во Битола, GAUSS Институт Битола како имплементатор на Балкан МЕД Е-БП проектот во соработка со HRDA – Бугарија, HMA – Грција, LCCI – Кипар и CCP – Албанија и Регионалната комора Битола организира деловна мисија насловена “B2B“ (“Бизнис2Бизнис“).
Гостите ги поздрави и за проектот зборуваше прод. д-р Игор Неделковски, претседател на GAUSS Институт Битола.
 -На овој прв состанок од ваков тип  нашите компании ќе имаат можност да се сретнат со
претставници на компании со заеднички интереси на организаторите на петте земји:
Бугарија, Грција, Македонија, Кипар и Албанија. Имплементацијата на проектот ќе им користи на локалните заедници преку придонес кон подобрените деловни можности, зголемените економски активности во БалканМед областа, поквалитетни понуди за вработување и подобар квалитет на живот, рече Неделковски.
Покрај него зборуваа и Љупчо Велески од “Витаминка“-Прилеп и проф. Јанис Бакоурос од универзитетот од Кожани, Грција.
Дваесет компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија, заинтересирани за деловна соработка со македонски компании, ќе се претстават пред битолската деловна јавност. Фирмите гости се од различни области, ИТ индустрија, земјоделство и индустрија за храна, преработувачка индустрија, пакување, деловни услуги и инвестиции итн. 
Целта на настанот е да се создадат нови контакти и да се постават темели за нови
потенцијални партнерства, а компаниите имаа за оваа цел израборено и презентациски материјали кои беа дистрибуирани на настанот.
Инаку, споед многумина присутни на настанот ова е еден од најголемите “Бизнис2Бизнис“ настани што ќе се одржи во Битола во последнатава деценија.