Press "Enter" to skip to content

“Секогаш во ритамот на животот“ – бутици за мажи “Линкести“ (фотогалерија)

Специјализираните бутици за мажи “Линкести“, како и во изминатите 15 години и сега се подготвени на матурантите да им понудaт комплетна облека за еден од најважните денови во животот, секако со посебен попуст за битолските матуранти.“Секогаш во ритамот на животот“ е слоганот кој овие специјализирани бутици за мажи целосно го оправдуваат со своето 15 годинишно постоење и понуда на најново, модерно, квалитетно…  Во “Линкести“, секој битолчанец се облекува во елегантна варијанта за значајни настани во животот, матура, свадба, културен настан…. Во оваа прилика за овој значаен јубилеј од 15 години разговаравме со сопственикот на “Линкести“, Тони Божиновски.Кажете ни за почетоците на “Линкести “и јубилејот со кој можете да се гордеете?

-Специјализираниот бутик за мажи “Линкести“, од 2003 година до денес во текот на своето 15 годишно постоење ја продолжува конзулската традиција на стил на облекување. Уште на почетокот наша основна цел беше секој модерен маж да може да најде и да се облече на едно место, кое ги има потребните елегантни, современи и класични модели кои се потребни за сите свечени поводи и прилики. Во двете продажни места, на Широк Сокак и во Старата битолска чаршија, на припадниците на посилниот пол, кои патем обично не се расположени за долго барање на саканата облека, им нудиме можност на едно специјализирано место да најдат свој препознатлив стил на облекување и тоа од класична до “спортска елеганција“ и современи поопуштени варијанти. Таа идеја која ја промовиравме пред 15 години овозможи до денес бројни битолчани за бројните поводи и прилики, матури, свадби, дипломирање, културни настани, за црвениот тепих на “Браќа Манаќи“… да ги најдат бараните модни стилови и трендови.Препознатли ви сте потоа што на едно место секој маж може да пронајде и да се облече од глава до петици, за секаква пригода, било свечена или модерна дневна варијанта.

-Во “Линкести“ можете да најдете од класична машка облека до модерна (тренди) машка облека, која претставува вистински спој на стил. Класични кошули, костими, палта, блејзери, а тука се и модните додатоци како вратоврски, пеперутка вратоврски, колани, петлици за ракави за кошули, новчаници, чанти, кои го надоплнуваат изгледот на секој современ маж. Се разбира, вработените во бутикот љубезно ќе ви помогнат да ја одберете вистинската модерна варијанта според вашиот стил и вкус за секоја прилика.“Во ритамот на животот“ ваше мото и слоган.

-Овој слоган означува дека сите ние во нашиот живот имаме значајни настани и прилики кога сакаме да бидеме посебно дотерани и елегантни. На секој матурант, младоженец, дипломец, бизнисмен, уметник, му е значајно да е облечен во адекватна облека која дава комотност, сигурност и самодоверба. Затоа специјализираниот бутик за мажи “Линкести“ со тимот вработени излегуваа во пресрет и нуди комбинации и препораки за добар стајлинг. Таа асистенција и таа можност ни е потребна на нас мажите бидејќи можеме за кратко време на едно место да го најдеме тоа што ни е потребно. Бутикот “Линкести” за сите идни битолчани кои ќе “стапнат на лудиот камен“ им нуди комплет свечена облека (костуми, смокинзи, кошули) и други модни додатоци, за да изгледаат елегантно на свечениот ден од нивниот живот. Во овој период актуелни се матурантите кои сеподготвуваат за матурските прослави?

-Во новата сезона, пролет/лето 2019, ние им нудиме облека по последните модни трендови на идните матуранти кои се подготвуваат за овој значаен ден во нивниот живот. Можам да кажам дека новите генерации знаат што сакаат и што е модерно и сметам дека секогаш се задоволни со изборот кој е многу голем во “Линкести“. Се разбира им нудиме посебни попусти на матурантите бидејќи обично тие купуваат и се облекуваат “од глава до пети“во нашиот бутик.Во “Линкести“ може да набавите облека во модерен дизајн, модерни бои, дополнета со сите можни модни детали, и да бидете во тренд за сите прилики кои сепосебни за вас,па и облека за едноставна прошетка на Широк Сокак, но и на улиците на сите светски модни центри. Нивните продавници се наоѓаат налокации „ШирокСокак“ 75, како и наУлица “Скопска“ 19, во Старата Битолска чаршија.

Од неодамна фамилијата бутици “Линкести“ се зголеми за уште еден бутик на Широк Сокак.  Бутикот “Линк“ е специјализиран за тинејџерска машка гардероба и во истиот имаме понуда за пребирливите млади битолчани  кои преку интернет се информираат за најновите светски трендови, а тоа значи знаат што сакаат, а ние се трудиме секогаш да бидеме во тек со сите трендови. Неговиот уникатен ентериер, гардеробата која ја нуди и креативниот тим го ставаат бутикот “Линк“ на ниво на светски познатите бутици.