Press "Enter" to skip to content

Според Општинската изборна комисија во 17 часот излезеноста во Битола 39,44 проценти

На само два часа пред затворање на избирачките места излезеноста во Битола, според Општинската изборна комисија од Битола, излезеноста изнесува  39,44 проценти.

Тоа значи дека во досегашниот изборен ден на гласање, според претседателот на Општинската изборна комисија, Ѓуро Илиќ, својата граѓанска должност ја оствариле близу 40 проценти од запишаните во избирачкиот список.

Инаку, гласањето во Битола, поминува без проблеми на сите 169 изборни места.