Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: го “сликал“ гласачкото ливче ќе заработи кривична пријава

На 21.04.2019 година во 18.20 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Острец, битолско, на гласачко место бр. 156, С.Ќ. (26) од село Велушнина со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.

Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 163 став 1 од Кривичниот законик.