Press "Enter" to skip to content

На денешната 32 седница, Општина Битола ќе формира ЈП за паркинзи и јавен превоз

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес во 10 часот ја свика 32. седница на Советот на Општината Битола.

На седницата ќе бидат донесени одлуки за формирање на јавно претријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола. На дневен ред ќе биде и буџетот на општината, а ќе се донесат одлуки за склучување договори помежу општина Битола и ЈП “Водовод“ и “Нискоградба“…

Дневниот ред за денешната седница кој има 12 точки е:1. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2019 година.

2. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Битола за 2019 година.

3. Одлука за измени на Програмата за урбана опрема на Општина Битола.

4. Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.

5. Одлука за согласност на проектот „ SMART-CUL-TOUR#.

6. Одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на плата на административните (јавните) службеници вработени во ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола.

7. Одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на плата на административните (јавните) службеници вработени во ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола.

8. Одлука за поднесување на Барање за донесување на Одлука на Совет на Општина Битола за склучување на договори на Општина Битола со КЈП „Нискоградба“ Битола за реализирање на Програмата на Советот на Општина Битола за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола со примена на член 24 од ЗЈН.

9. Одлука за поднесување на Барање до Советот на Општина Битола за донесување на Одлука за склучување на Договори помеѓу Општина Битола и ЈКП „Водовод“ Битола за реализирање на Програмата на Советот на Општина Битола за снабдување со вода за пиење, управување, изградба, одржување и користење на јавниот водоснабдителен систем и други објекти од водоснабдителниот на подрачјето на Општина Битола и соседните општини од страна на ЈКП „Водовод“ Битола, согласно член 24 од Законот за јавни набавки („Сл. весник на РМ“ бр. 24/19 од 01.02.2019 год.)

10. Одлука за поднесување на барање за донесување на Одлука на Совет на Општина Битола за склучување на договори помеѓу Општина Битола и Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола за реализирање на Програмата на Советот на Општина Битола за извршување на услуги од страна на ЈП УППИ Битола, односно урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, надзор и други технички услуги, а согласно член 24 од Законот за јавни набавки („Сл. весник на РМ“ бр. 24/19 од 01.02.2019 год.

11. Решение за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во ЈП „Комуналец“ Битола за 2019 година.

12. Давање согласност на Одлуката за ништење на расходован ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола.