Стопанска банка а.д. Битола и оваа година со задоволство изрази поддршка и се придружи на светското движење ,,Pay it Forward’’. Банката продолжува со својата мисија за правење на добри дела и помагање онаму каде што е најпотребно.
За потребите на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола, Банката донираше компјутерска опрема со цел олеснување на секојдневието како на вработените така и на сите дечиња кои се дел од Заводот.
Со оваа донација и симболичните подароци кои Банката ги даде на вработените во Заводот им додели и ,,Pay It Forward” картички со кои ги замолува да продолжат со правењето на добри дела за другите луѓе.