Press "Enter" to skip to content

“Caffe Caffe“ кај Стаклената со  нов амбиент за летна кафе шема (фото)

Кафулето “Caffe Caffe“  во состав на ресторанот “Белведере“ со обновен амбиент за вистинска летна шема за битолчани во овие убави денови за Велигденските и првомајските празници.Новите модерни тенди го украсија просторот на плоштадот “Магнолија“  и ќе бидат летна шема за излегување во жешките летни месеци кои ни доаѓаат.Сопственикот, Николче Чорбевски, задоволен од стартувањето на летната сезона, во ново руво ни изјави:-Добро е што работите се завршија во одреден рок и големата тенда се постави во вистинско време и тоа пред летната сезона. Посебно ми е мило што се случи пред  велигденските и првомајските празници кога и атмосферата е некако празнична. Овој амбиент ќе биде место каде битолчани со своите пријатели ќе уживаат во кафе, сладолед… Со оваа огромна тенда амбиентот доби сосема поинаков изглед и секако таа заштитува многу  од врелото жешко сонце. Затоа овој амбиент ќе биде совршен за жешките летни денови.-Покрај новиот амбиент  кафулето  “Caffe Caffe“  воведе и новини во изборот на повеќе видови на кафе, сладолед и слатки. Се разбира дека ова кафуле е во склоп на ресторан “Белведере“ и се трудиме услугите, квалитетот на храната да бидат на највисоко ниво, додава Чорбевски.Погледот на големата тенда од кафулето “Caffe Caffe“ асоцира на убаво време, лето, врело сонце и кај сите оптимизам во претстојни убави денови после долго ладно и врнежливо време.

Сите ќе уживаат во своето прво утринско кафе во кафулето “ и следниот пат ќе пишуваме за нивниот голем избор за сечиј вкус.

Жанета Ристевска