Press "Enter" to skip to content

“Еуроинвест Медиу“ ќе ја асфалтира улицата “Климент Охридски“

По раскинувањето на договорот со фирмата “МС Конструктор“ – Битола, Општина Битола спроведе постапка за избор на нов изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“. Денес на електронска аукција беше избрана фирмата која ќе изврши реконструкција на коловозот и тротоарите на ул. „Климент Охридски“ во Битола.

По критериумот најниска цена, победник на електронската аукција е фирмата „Еуроинвест Медиу“.

Од денот на потпишувањето на одлуката, учесниците имаат право на жалба во рок од осум дена, а по истекот на законските жалбени рокови, се очекува да се потпише договор со изведувачот и да се започне со асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.