Press "Enter" to skip to content

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, синоќа во Битола

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ беше на средби со граѓани во Битола, и истакна дека во кампањата се однесувала фер и коректно према нејзините противкандидати и дека на таков начин ќе ја води и државата како Претседател.

-Чест ми е што сум меѓу битолчанки и битолчани, благодарна сум на начинот на кој гласаа, охрабрена сум, инспирирана сум во последниве денови. Мислам дека не згрешиле што го сториле тоа. Кога гледам во колкав број се дојдени, особено жените, имам чувство дека ми веруваат, но пак јас имам и сопствено чувство дека со нив можам да го реализирам она што го ветив, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

-Мислам дека во кампањата се однесував не само женски, туку и фер, витешки. Тоа ќе го направам и последниве денови. Кога имате аргументи, кога верувате во она што сте го напишале тогаш мислам дека нема проблем и да го браните. А, се разбира јас немам проблем сигурна сум и да го спроведам тоа. Оваа македонска пролет ќе биде запозната не само по велат за прв пат невообичаената кампања туку и по реформите, истакна Силјановска.