Press "Enter" to skip to content

Со автомобил влетал во гробишта, искршил повеќе гробови (фото)

Со автомобил влетал во старите Светонеделски гробишта, а притоа оштетил и неколку гробови, во парцелата број 2, наспроти факултетот за ветерина. 

Ударот бил толку силен што неколку гробови се целосно уништени, а од силината на ударот мермерни делови има и на десетина метри од ударот.Видливи се траги од влетувањето, има истечено моторно масло, а на самото место има и остатоци од авто делови.

Според лицата кои ги затекнавме на самото место, на увид излегла и екипа на МВР, а била присутна и брза помош.