Press "Enter" to skip to content

Најсовремена лабораторија, по светски стандарди, во болница “Плодност“

Ентузијазмот, вербата во успехот и фокусирањето кон иднината се клучот за успехот во специјалистичка дијагностичка лабораторија во болницата “Плодност“, која е во чекор со светските трендови.

Лабораторијата во болницата “Плодност“ на пациентите им нуди комплетна лабораториска дијагностика од високо стручни и специјализирани кадри и најсовремена опрема.

Биохемиската лабораторија во болница “Плодност“ ги нуди следните услуги и испитувања:

-Хормонски испитувања

-Испитување на тумор маркери

-Комплетни биохемиски и хематолошки анализи

-Инфективни заболувања -Хомостаза

-Диференцијална крвна слика

-Рано откривање на аномалии на плодот (Prisca).Подготовка при одредување липиден статус, биолошкиот материјал е венска крв, а специјалистите во лаботаротијата  до пациентите, 48 часа пред земање на биолошкиот материјал ги испраќат следните препораки:

-да не се конзумира алкохол,

-да се избегнува зголемена физичка активност 24 часа пред земање на биолошкиот материјал

-конзумирајте вообичаена, но не премасна храна 12 часа пред земање на биолошкиот материјал,

после 19 часот претходниот ден да не се конзумира храна, алкохол, кафе.