Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ-претседател на ОИК: поделен избирачкиот материјал, гласаа болните и затворениците (фото)

Денес во просториите на Општинската изборна комисија, сите 169 избирачки одбори го подигнаа доверливиот материјал за утрешното гласање на престојните претседателски избори, согласно динамиката која ја утврди ОИК.

Според претедателот на општинската изборна комисија, Ѓуро Илиќ, утре ќе се гласа на 169 избирачки места за кои денес општинската комисија ги подели материјалите.-Денес е поделен гласачкиот материјал до сите избирачки места, кој го подигнаа претседателите на изборачките одбори. Во овој втор круг на претседателките избори, утре ќе се гласа на 169 избирачки места, вели Ѓуро Илиќ.-Инаку, денес започна гласањето за вториот круг, а гласаа 99 лица, од кои 81 болни и изнемоштени и 18 осудени лица, додава Илиќ.

Утре на претседателските избори право на глас имаат 81.738 граѓани кои гравитираат на територијата на општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »