Press "Enter" to skip to content

Tрибина за учениците како да бидат безбедни на интернет, организира полицијата (фотогалерија)

Во големата сала на Центарот за култура во Битола, пред голем број на основци, СВР Битола во соработка со Центарот за социјални работи и Црвениот крст организираше трибина “Безбедни на интернет“ за ученици од основните училишта.На трибната зборуваше началникот на Отсекот за превенција при СВР Битола, Сашо Гилевски, кој на основнците им ги предочи опасностите од користењето на интернетот.-Додовме до податоци дека нагло е зголемен сајбер булингот или психичкото малтретирање кај децата додека користат интерент. Децата прифаќаат и се навлекуваат во некои страници, со содржини кои не се за нивната возраст, а при користењето, однсоно посетувањето на тие страници, се малтретирани на некој начин. Преку оваа трибина сакаме да делуваме во делот на превенцијата да им укажеме кои се постапките, со кои треба да комунициираат и на крај каде да пријавуваат доколку забележат некои работи, а СВР Битола подолго време презема мерки за заштита на учениците.Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција, вели дека СВР аплеираа родителите да внимаваат што содржини следат нивните деца на интернет, а во таа насока отсекот за превенција при СВР преку одржани низа предавања во основните и средните училишта.

More from ВестиMore posts in Вести »