Вечерва во Народниот театар со изведба на премиерата “Бакхи- Краток преглед на распадот“ од Еврипид на Битолскиот народен театар, започна 21. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата.Пред премиерата во фоајето на Народниот театар во Битола се одржа и официјалниот дел на свеченото отворање на Фестивалот, а за тоа колку претстави ќе има во официјален дел, и кои актери ќе настапат на Фестивалот, зборуваше уметничкиот директор, Пепи Мирчевски.Овогодишното издание на Фестивалот на монодрамата за отворено го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.Премиерата на “Бакхи- Краток преглед на распадот“ е вон конкуренција, а во официјалниот дел, единаесет актери од девет држави ќе се натпреваруваат со своите актерски креации, во монодрамата како жанровски тетарски израз.Фестивалот ќе биде затворен со соло перформансот “Пасија по Биби“ на Петар Милошевски од Велика Британија, кој е надвор од конкуренција.
Вечерва отворено 21. Фестивал на монодрамата (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата “Париски рефлексии 2 и 3“ во Битола (фотогалерија)
- Со едночинката “Ѓоре Мaгаревски 80 години потоа“ Народен театар Битола ќе прослави 80 години постоење (фотогалерија)
- Мултимедијален настан “Спознавање“ во МКЦ-Битола
- Јубилејна изложба на ДЛУБ по повод 50 години од основањето, доделени наградите “Борислав Траиковски“ и “4-то ноемвриската“ (фотогалерија)
- Одбележани 80 години КУД “Стив Наумов“ Битола – плакета за животно дело на Љубо Трифуновски (фотогалерија)