Press "Enter" to skip to content

Билјана Поповска-Марковска од “Плодност“ со посебно признание за придонес во развој на сестринската дејност (фото)

Вчера по повод Меѓународната недела на медицинските сестри, Унијата на здруженија на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “За нас“ традуционално ја организираше свечена прослава во концертната сала на Домот на АРМ во Скопје.По одржаните поздравни говори беа доделени и посебните признанија на најуспешните медицински сестри во државата, кои беа наградено во голема конкуренција од над 7.000 членови на Унијата по пат на конкурс, а врз основа на претходно утврдени критериуми беа потенцијални добитници на ова признание.
На свечената церемонија, за најуспешна медицинска сестра од болницата “Плодност“ за 2018 година е прогласена Билјана Поповска-Марковска, од одделот анестезија, реанимација и интензивно лекување.Посебната пофалница на Билјана Поповска-Марковска, како стои во образложението, и е доделена за хуманост, успешна работа и посебен придонес за развој на сестринската професија во 2018 година.Билјана Поповска-Марковска, по примањето на признанието им се заблагодари на организаторите, а и порача дека болницата “Плодност“, односно сите медицински сестри кои се таму заедно со целиот тим, ќе продолжат со хуманата мисија која ја имаат одбрано да работат за добро на пациентите.На манифестацијата во Скопје учествуваа девет медицински сестри, претставнички на боолницата “Плодност“, а сето ова е уште една потврда за успехот на одличниот медицински тим, кој постојано се надоградува и работи во интерес на пациентите.

More from ВестиMore posts in Вести »