Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата 30 години планинарски марш во чест на Димитар Илиевски – Мурато (фотогалерија)

Синоќа во културниот центар “Магаза“ бешр отворена изложбата “30 години планинарски марш во чест на Димитар Илиевски – Мурато, кој на 10 мај 1989 година, го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест, но за жал не се врати, туку остана вечно во хималајските беспаќа.-Изложбата е  во чест на 30 години (1989 – 2019) од освојувањето на Монт Еверест од страна на нашиот планинар Димитар Илиевски – Мурато и 30 години организација на меморијалниот марш во негова чест од страна на планинарско спортскиот клуб Пелистер. Изложбата содржи фотографии од организацијата на маршот и искачувањето до врвот Пелистер, како и чествувањето на платото пред планинарскиот дом Копанки, рече претседателот на ПСК Пелисте, Диме Попов.ПСК Пелистер додели и благодарници на семејсвото на Димитар Илевски-Мурато, на општина Битола, пунктот “Антена“ на МТВ, на поединци и на планинарски клубови од Битола.Инаку, маршот во чест на освојувањето на Монт Еверест од Димитар Илиевски Мурато, кој е е во организација на ПСК Пелистер ќе се одржи утре, сабота, а ќе биде положено и цвеќе на споменикот на Мурато на Копанки.

More from ВестиMore posts in Вести »