Планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, веќе се наоѓаат на врвот Пелистер, во рамките на 30. по ред традиционалниот планинарскиот марш посветен на првиот Македонец што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато.Планинарите се движат од Битола па се до “Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, каде и ќе се каже “некој збор“ за големиот подвиг на Мурато.Годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор, а денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“.
Фото вест: Во тек е јубилејниот 30. планинарски марш “Димитар Илиевски-Мурато“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)