Пелистер Волеј – Работнички Скопје 2:0 (27:25, 25:22)
Младинската екипата на Пелистер Волеј по одличните резултати во првенството беше учесник на првиот овогодишен Ф4 турнир кој се играше во Скопје во салата “Невена Г. Дуња“, а организатор беше екипата на Работнички Скопје.
Во борбата за третото место екипата на Пелистер Волеј убедливо ја победи екипата домаѓин и го освои третото место, за што тренерот, Роберт Митковски, вели:
-Дуел кој изобилуваше со убавина и со голема неизвесност. Борбени беа двете екипи, Пелистер имаше водство од 16:10, додека Работнички прв стигна до сет топка, но Пелистер Волеј покажа далеку поголема стабилност во завршницата и поведе со 1:0 во драма каква можи да понуди само одбојката. Во овај дуел не изостана добриот прием и затоа организацијата и реализацијата беше на високо ниво на двете страни. Сепак на крај се радуваше Пелистер Волеј на сосема заслужена победа.
Ова е четврта година во низа во која Пелистер Волеј е учесник на Ф4 турнирите и четврта во која носи пехар во своите витрини.
Статистиката покажува дека младиските одбојкарки освоија 35 директни поени, 24 од напад, 6 АС сервиси и 5 поени од блок.
Поените за Пелистер ги освоија: Симона Стојановска 16, Сара Димовска 6, Софија Петличковска 5, Изабела Димовска 3, Ана Пејовска 3, Ивона Димитриевска 1, Теона Богдановска 1.
-Ова несомнено е една од нашите најуспешни генерации која обврзува и во иднина да се заложиме за вака високи дострели и добри резултати, додава Митковски.
Во полуфиналето кое исти така се одигра вчера, противник е екипата на Пелистерм беше Наковски Волеј.






