Press "Enter" to skip to content

Соопштение на РК Пелистер: нема да се ангажира нов тренер, на клупата Атанасовски и Велјановски

Јошко Петковиќ и официјално не е повеќе тренер на нкипата на Пелистер. За тоа кој ќе го води Пелистер на преостанатите четири кои соопштија преку соопштение од клубот.

На клупата до крајот на плеј-офот на Суперлигата ќе бидат помошните тренери Зоран Атанасовски и Златко Велјановски.

Еве го комплетното сопштение на РК Пелистер:

-Ракометниот Клуб Пелистер А.Д. – Битола ја информира пошироката спортска јавност и вљубеници во ракометната игра за раскинување на договорот со трeнерот Јосиф Петковиќ на позицијата шеф на стручниот штаб на ракометниот клуб Пелистер А.Д. Битола, после слабите резултати на сенироската машка екипа во плеј-оф натпреварите од машката Супер лига.

Со оглед на функцијата која ја извршуваше, беше задолжен и одговорен за изборот на играчки кадар и ракометен концепт за настап на сениорската екипа на Р.К. Пелистер А.Д.  Битола, наспроти исполнување на сите барања за исплата на плати на комплетниот ракометен колектив и тековни побарувања кои во целост се реализирани од страна на Р.К. Пелистер А.Д. Битола.

Во последниот период сениорската екипа на Р.К. Пелистер А.Д. – Битола до крајот на натпреварувачката сезона од плеј-оф натпреварите ќе ја водат помошните тренери Зоран Атанасовски и Златко Велјановски.

 

More from СпортMore posts in Спорт »