Press "Enter" to skip to content

Библиотеката го објави конкурсот за проектот “Млади поетски перформанси“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за  ученици од 7-9  одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.

Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објави со што ќе  им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја.

Проектот опфаќа конкурс за доставување  на поетски творби, кој е во тек и ќе трае до 10 јуни. Секој учесник има право да учествува со една поетска творба на слободна тема,  напишани  во формат times new roman,  со македонска поддршка, со големина 12. Во  творбите да стојат име и презиме, возраст, адреса, училиште, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор). Литературните творби треба да се достават на маилот: nuub.bitola@gmail.com, со назнака – за награден конкурс. 

 Резултатите ќе бидат објавени при крајот на месец јуни,  на нашата web страна: www.nuub.mk и на facebook профилот:  НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.

More from КултураMore posts in Култура »