Гран-при наградата и припадна на Јана Лазар од Државен руски драмски театар и.м. “А.П. Чехов“, од Молдавија за претставата “Трите животи на Исидоа Данкан“, беа доделе и награди за најдобра актерка и актер и награда од публиката.
На свечениот чин на доделување на наградите и свеченото затворање на фестивалот на публиката во Малата сала на Центарот за култура и се обрати директорот на Центарот за култура и организатор на фестивалот, Маја Андоновска – Илиевски.
-На овој свечен чин на прогласување не би имала што да додадам по пет фестивалски денови, десет земји учеснички и тринаесет претстави. Можам да кажам дека без тронка сомнеж и без скромност дека затворам исклучителен фестивал со ,ногу богата програма. Ова е мој прв, а на Центарот за култура 21, а сето тоа една прикачна која не дозволивме да запре, туку ја продолживме и ќе ја затвориме со мотото продолжува… Не би сакала да бидам на местото на жирито по ваков фестивал, но тое го направија најдобриот избор, рече директорот на Центарот за култура и организатор на фестивалот, Маја Андоновска – Илиевски, која посебно и се обрати на публиката:
-Оваа година публиката го наполни секое столче на секоја претстава и со тоа докажавме дека сме град на културата која знае да ја цени вредноста. Тука сакам да ја споменам и соработката со Народниот театар кои ни ја подарија премиерата.
Жиро комисијата во состав Софија Ристевска-Петрушевска, Ментор Зумберај и Нина Мазуро ги одреди наградите, а ги соопшти претседателот Ментор Зумберај. Претседателот честита за организацијата, публиката и се што се случуваше деновиве, и ја соопшти одлуката на жирито.
Гран-при наградата и припадна на Јана Лазар од Државен руски драмски театар и.м. “А.П. Чехов“, од Молдавија за претставата “Трите животи на Исидоа Данкан“, која со многу емоции и низ солзи им се заблагодари на жирито, публиката, организацијата и рече едноставно дека се наоѓа во театарскиот рај, а оваа награди воопшто не ја очекувала.
-Најдобра актерка на 21. Фестивал на монодрамата е Невена Митева од Државен куклен театар, Сливен, Бугарија за претставата “Комедијантка“, за најдобар актер е прогласен Игор Ларин од Театар Монплезир – Санкт Петерзбург, Русија за претставата “Забелешки на покојникот“.
Плакета од Општина Битола или наградата од публиката и припадна на хрватска актерка Миа Беговиќ од Арт Вита Загреб за претставата “Се што сум премолчела“.
-Драга публико се надевам дека овие изминати денови уживавте во фестивалот, а сигурна сум дека следуваат уште подобри фестивали во иднина. На сите актери им се заблагодарувам за учеството на фестивалот со што го збогатија фестивалот, а на наградените им честитам, рече градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.
По доделувањето на наградите се одигра соло перформансот на Петар Милошевски
“Пасија по Биби“, текст, светло, музика и дизајн на Петар Милошевски.

Гран-при за Јана Лазар од Молдавија на 21. Фестивал на монодрамата (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





