Press "Enter" to skip to content

Правниот факултет организира меѓународната научна конференција (фото)

Викендов во организација на Правниот факултет, во хотелот “Милениум“ во Битола, се одржа меѓународната научна конференција на тема „Кон подобра иднина: Демократија, ЕУ интеграции и криминална правда“, на која учествуваа и дебарираа 150 учесници од целиот свет.На отворањето на конференцијата свои обраќања имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот на Правниот факултет, проф.д-р Горан Илиќ, и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа на Правниот факултет, доц.д-р Ангелина Станојоска. -Универзитетот е институција која што треба да е носител на тие евроинтеграциски процеси поради  капиталот што го поседува,стручниот, научниот и демократскиот капитал. Демократијата од институциите треба да се прелее во општеството, рече  проф. др Сашо Коруновски, ректор на УКЛО-Битола на отворањето на оваа меѓународна конференција.-Демократијата, криминалната правда и евроинтеграциите се процеси кои се исклучително значајни на патот на Македонија кон Европската унија, а демократијата е се уште систем кој што не  е постигнат, се уште не е затворен и завршен систем. Криминалната правда претставува дисциплина на правото што се занимава со превенција и сузбивање на криминалот и сите елементи кои што правниот систем на една демократската држав треба да ги поседува дефинитивно да влезе во борба со крималот и намалување на стапката на криминалитет во општетството, рече проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правен факултет-Битола.