Press "Enter" to skip to content

“Јагоди со моцарела“ еден од егзотичните специјалитети на “5 Сourses“ презентација во градската кафеана на хотел “Епинал“

Досегашните организирани“5 Courses“ – презентации со дегустација  наидоа на голем интерес кај битолчани. За оваа презентација  последна во оваа пролетна сезона поразговаравме повторно со  шеф Александар Видоевски кој заедно со  тимот во кујната на ресторанот на градска кафеана „Епинал“ ќе ги изненади гостите со нови егзотични специјалитети, кои ќе се послужуваат со вината на “Тиквеш“.-Ова презентација ќе биде вистинско доживување и уживање за сите сетила вид, мирис вкус… Ова го кажувам бидејќи значаен  дел на презентацијата ќе биде аранжирањето и послужувањето на специјалитети. Сето тоа е  еден вид атракција за гостите. Музиката го дополнува амбиентот за да биде доживувањето уште поубаво и пријатно, вели шефот на кујната, Александар Видоевски и појаснува:

Овие  вечери  организиранио под име “Градска седенка“  се  и  едно неформално дружење со гостите кои како да учествуваат во се заедно со мене и мојот тим. Сакам да нагласам дека и  со оваа последна  презентација повторно ќе ги промовираме нашите производи кои се произведуваат во нашата групација. И тоа  млечни производи од нашите бачила. Што значи сите производи  во нашата кујна, дел од видовите на месо, млечните производи,  се со врвен квалитет. И овој пат имаме интересно мени со 5 јадења:  ладно предјадење “карпачо“ бифтек со авокадо и пармезан, топло предјадење “фонду со бри сирење“, потоа како главно јадење “вински бифтек со мед и праски“, а седенката да биде незаборавна ќе послужиме и егзотична салата со маринирана моцарекла и јагоди и десерт пита со цреши и јагоди. Значи застапено е сезонското овошје од кои се направени интересни специјалитети.

Искрено да ви кажам дека увидов дека кога се готви од срце и душа, секогаш има голем успех и резултат, така  нашите досегашни   презентации со дегустација  т.н.  “5 Courses“ наидоа на голем интерес кај битолчани. Оваа е последна презентација со дегустација за оваа сезона. Повторно ќе продолжиме на есен со нови изненадувања.Сите јадења ќе бидат послужени со посебно вино спрема вкусот и секако ќе има и добра музика. Местата ќе бидат ограничени и со претходна резервација.

Тимот на градската кафеана ги поканува сите сладокусци на една убава седенка со добра храна, вино и музика. 

Жанета Ристевска