Press "Enter" to skip to content

Меѓународна презентација на болницата “Плодност“ (фото)

Продолжува афирмацијата на ПЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ од нашиот град на меѓународен план, а овој пат успешно беше претставена во Србија на конгрес на радиолозите и техничарите по нуклеарна медицина.Радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, вработена во Болница “Плодност“, учествуваше на конгрес организиран од страна на Здружението на радиолошки техничари и техничари на нуклеарна медицина од Србија со меѓународно учество, кој се одржа во Златибор. На овој конгрес таа имаше своја презентација пред стручната јавност на тема: Галактографија-процедура за приказ на канален систем при патолошки исцедок од дојка (заборавена алка или не), во процесот на дијагностика на болести на дојка.Нејзината презентација беше одлично прифатена, а за овој труд Јованоска доби соодветен број на поени и сертификат. Заложбата за постојана надградба на стручниот кадар во болница “Плодност“ во служба на квалитетот кој им се нуди на пациентите е главен императив на менаџерскиот ти на Болница “Плодност“.