Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ кој работи во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола, од денес продолжува да работи во нови простории, кои беа денес свечено отворени.
Новиот современ објект, со симболично сечење на црвена лента, свечено го отворија ректорот на УКЛО, Сашо Коруновски и деканот на ФИКТ-Битола, Игор Неделковски со соработниците од Ректоратот и ФИКТ.
По свеченото пресекување на лентата, Ректорот, Коруновски рече:
-Факултетите за информатички и комуникациски технологии се јадрата од каде што почнува развојот на еден универзитет. Тоа се места каде што се откриваат новите технологии и се ставаат во употреба. Сигурен сум дека ФИКТ и овој модерен објект имаат перспектива и со гордост ќе го промовираат нашиот Универзитет. Универзитетот рационално и наменски ги користи сите средства што ги добива од државата, за да градот и универзитетот бидат во функција на регионот и развојот на државата и додаде:
-Се надеваме дека се ќе биде до завршено до 1 октомври, кога тука ќе бидат и првите студенти кои тука ќе ги добијат индексите.
Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ почна со работа во 2014 година и досега беше сместен во еден од адаптираните објекти на поранешната битолска касарна.
-Сонот стана јаве. Почнуваме со работа во новите простории, а првиот настан е натпревар во програмирање за средношколци со што ја акцентираме соработката на универзитетот со средните училишта, но и со ИТ-индустријата, бидејќи на овој натпревар како евалуатори учествуваат и претставници на ИТ-индустријата. Во Битола пристигнаа 19 тимови од повеќе македонски градови, оценувањето ќе го врши посебна комисија која за најдобрите ќе додели награди и признанија, посочи деканот на ФИКТ, Игор Неделковски, која додаде:
-Остануваме отворени за компаниите од ИТ секторот, кој изразија желба да опремат дел од новите протории и тука да ја најдат базата за нивните потреби од човекови ресурси.
–Среќни сме што за нашата професија има „глад” од квалитетен кадар и очекуваме компаниите да покажат интерес за заеднички лабаратории на ФИКТ, додаде деканот.
Новата зграда на ФИКТ има нова опрема, повеќе компјутерски училници и лабаратории. Од ФИКТ најавија дека ќе објават повик до ИТ-компании да финансираат во опремување на лабаратории.
По свеченото отворање Ректорот и деканот извршија обиколка на сите простории, на новиот амфитеатар, училниците, лабораториите и на просториите во деканатот, каде најголем дел од кабинетите на професорите се опремени, а се очекува за брзо време да пристигне и останатиот мебел.
Краен датум за комплетно опремување и завршување на сите работи во новата зграда на ФИКТ е 30 сепрември.
По свеченоста започна и натпреварот на средношколците.
Претходно на натпреварувачите им се обратија и претставници на ИТ компаниите.

Свечено отворена новата зграда на ФИКТ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 24 степени
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)





