Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: изложба за Мурато во библиотеката

Деновиве која ги прибирав материјалите од последната моја книга која треба да излезе од печат, посветена на ракометот, најдов и фотографии од пред 10 години, кога се подготвувала и отворила фото-изложба, по повод 20 години од искачувањето на Димитар Илиевски – Мурато, на Монт Еверест и неговата трагична смрт, ни рече деновиве, доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.Миновски ни раскажа многу сеќавања за тој ден кога бил прво радосен, а потоа и трагичен, а како тој спортски новинар во Радио Битола, известувал за овој настан.-Сеќавања има многу, но тие се веќе познати на јавноста, а сега би сакал само да кажам дека пред 10 години, што се гледа и од фотографиите, изложбата заедно ја подготвуваа синот на Димитар, Јонче и планинарот, новинарот, Драган Ристевски, кој и зборуваше на отворањето во Библиотеката, а таа институција издаде и брошура по тој повод. Годинава се прославија 30 години од споменатиот ден, а би сакал овој ден и Димитар Илиевски – Мурато и понатаму да остане во сеќавањето на битолчани, како годината и пред десет години.

More from ВестиMore posts in Вести »