Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајни контроли и викендов, над дозволеното возеле 95 возачи

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила,
непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се 1.284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 22 возила, седум возачи не користеле сигурносен појас, а
дозволената брзина ја надминале 95 возачи.

Под дејство на алкохол биле пет возачи, а четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.

More from ВестиMore posts in Вести »