Press "Enter" to skip to content

Денес ќе се одржи 34. седница на Советот на Општината Битола

Претсдеателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа 34. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10 часот.

На дневен ред за оваа седница се најавени 31 точка, а ќе се расправа за завршните сметки на основните и средните училиште, за ивештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Битола и единки корисници од областа на образованието, социјална и детска заштита и култура, за кварталниот извештај за извршување на Буџетот, за завршната сметка на ИЗ “Жабени“…

Еве го комплетиот дневен ред за денешната седница:

1. Одлука за усвојување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Битола и единки корисници од областа на образованието, социјална и детска заштита и култура до 30.09.2018 година.

2. Одлука за одобрување на користење на средства за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Битола и единки корисници од областа на образованието, социјална и детска заштита и култура.

3. Завршна сметка за 2018 година на Средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ Битола.

4. Завршна сметка за 2018 година на Средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола.

5. Завршна сметка за 2018 година на Средното општинско училиште „Таки Даскало“ Битола.

6. Завршна сметка за 2018 година на Средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ Битола

7. Завршна сметка за 2018 година на Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ Битола.

8. Завршна сметка за 2018 година на Средното општинско техничко училиште „Ѓорги Наумов“ Битола.

9. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Елпида Караманди“ Битола.

10.  Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола.

11. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Стив Наумов“ Битола.

12. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Кирил и Методиј“ Битола.

13. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Гоце Делчев“ Битола.

14. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Ѓорги Сугарев“ Битола.

15. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Коле Канински“ Битола.

16. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Александар Турунџев“ с. Кукуречани.

17. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола.

18. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Даме Груев“ Битола.

19. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Крсте Петков-Мисирков“ с. Бистрица.

20. Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола.

21. Завршна сметка за 2018 година на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Естреја Овадија Мара“ Битола.

22. Завршна сметка за 2018 година на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Мајски Цвет“ Битола.

23. Завршна сметка за 2018 година на ЈП Жабени Битола.

24. Извештај за работа за 2018 година на ЈП Жабени Битола.

25. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за првиот квартал од 2019 година.

26. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општината Битола.

27. Одлука за давање на користење на деловен простор на ЈКП „Водовод“, Битола, ЈП „Комуналец“ Битола и КЈП „Нискоградба“ Битола.

28. Одлука за распределба на финансиски средства кои се предвидени согласно Програмата на Општина Битола за финансирање на културата за БИТ ФЕСТ и манифестации во 2019 година.

29. Акциски план за развој на волонтерство на Општина Битола за 2019-2021 год.

30. Програма за решавање на проблеми со бездомни животни на подрачјето на Општина Битола

31. Решение за давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола.