Press "Enter" to skip to content

Одржан годишниот концерт на Државното музичко училиште (фотогалерија)

Државно музичко училиште – Битола, одржа годишен концерт на убавата сцена на НУ Народен театар – Битола, на кој учествуваа ученици од нижо и средно музичко образование, истите се претставија на повеќе инструменти во прекрасно светло.Честа да го отворат концертот припадна гудачкиот оркестар под диригентската палка на проф. Никола Трајановски, по што следуваа ученици од основно музичко: Јована Јосифовска на виолина, Стефан Кулевски на труба, Мила Нечовска, Деа Михајловска, Софија Михајловска, и Андреа Николовска, сите на пијано и Емилија Богоевска на виола.Следуваа ученици од средното училиште: Јована Арсоска, Бојан Димитровски и Александра Гическана пијано, Љубица Здравковска и Злата Данаиловска настапија како дуо пијано, Наум Наумоски – баритон и Елеонора Џоџоска – сопран, Благица Блажеска на виолина, Андреј Илиоски на кларинет, Бојан Анакијевски на ксилофон, Дарко Кулевски на хармоника и Кристина Љушкоска на флејта.Концертот го заврши училишниот хор под раководство на проф. Лилјана Трајковска Дамевски.Дел од нивната атрактивна програма беше аранжман на песни од Тоше Проески, “Adiemus“ и за крај: “We will rock you“, која предизвика бурни аплаузи кај публиката.

Пијано соработници на концертот беа: проф. м-р Александра Јанковска, проф.м-р Верица Дивитарова и проф. Марија Јошевска

More from КултураMore posts in Култура »