Во предвечерието на празникот на преносот на моштите на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи празнична Вечерна Богослужба во храмот посветен на „Свети Никола“, во Боримечка.
-Браќа и сестри, дивен е и овој наш светител, Светиот Николај, Архиепископот Мирликиски Чудотворец. Свети Никола живеел во четвртиот век, по раѓањето во тело на Христа нашиот Бог и Спасител. Овој Божји угодник, многу му угодил на Бога со правењето на многубројни добри дела на луѓето, а се покажал и како вистински пастир, кој ревносно се грижел за своите духовни чеда. Многумина кои биле во животна опасност заради клевета од другите, Свети Никола ги спасувал, а спасил и тројца невини граѓани, на кои со меч требало да им бидат отсечени главите, рече Владиката Петар во својата беседа.
На вечерната празнична Богослужба во црката која го носи името на светецот Никола, имаше голем број на верници, а утрово исто така беше голем бројот на верниците кои дојдоа да ја одбележат својата слава, Свети Никола-летен, со кревање на лепче за здравје.
Пред неколку години во Битола, свештениците од манастирот “Св. Јован Бигорски“ предводени од Анхимардитот Партение, на овој ден ги донесоа мошти од Свети Никола, со парклисот кај “Гроздот“, а оттаму со свечена литија беа однесени до црквата “Св. Никола“ во Боримечка“.

Свети Никола-летен, пренос на моштите на Свети Николај Мирликиски, во Боримечка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 24 степени
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)





