Учениците и наставниот кадар на основното училиште го прославија патрониот празник на училиштето кое го носи името на двајцата сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј.Патрониот празник на училиштето беше прославен со низа настани, во кои беа вклучени сите ученици како и наставниот кадар. За тоа што се подготвија и изведоа учениците пред своите ментори и пред своите родители, директорот на училиштетот Душко Костовски ни рече:
-Деновиве беа организирани отворени денови во училиштето по повод патрониот празник 24 мај, денот на сесловенските просветители. Во тие активности учество зедоа учениците и наставниците од нашето училиште. Сите заедно организиравме најразлични настани и активности, спортски натпревари во одбојка и фудбалал заедно со ОУ “Коле Канински“ со хуманитарен карактер, положување на цвеќе пред бистата на Стерју Ѓорѓиев, литературно читање и приредби пред родители. Во отворените денови приредби од одделенска настава подготвија наставниците со своите ученици со рецитации, драмски изведби, музички точки…
Исто така во рамките на прославата на патрониот празник беа организирани ликовен и литературен конкурс на кој учество зедоа голем број ученици, а најдобрите беа наградени на главната приредба што се организира во училиштето на 23 мај. На таа приредеба на која присуствуваа голем број на гости, родители и ученици, а настапија хорот на училиштето со придржба на Санела Шукриевска –која пееше и свиреше на виолина. Потоа Михајло Босилковски со својот инструмент тапан и Иван Богоевски – гитара, сите ученици од 9 одделение.
Сите тие ги воодушевија присутните со своите изведби, а за нивната подготовка беше задолжена Катерина Пејовска наставник по музичко образование која ни кажа:
-Пробите беа интензивни пред патрониот празник, но можам да кажам дека сите мои хористи и оние кои ги придружуваа беа редовни и крајно одговорни. Јас сум многу задоволна од сите нив, а и публиката која ги награди со долг аплауз, заслужен. Се гордеам со нив.
Рецитал изведоа учениците од осмо и деветто одделение подготвени од менторот, Александра Упале, наставник по македонски јазик. Патрониот празник на училиштето беше повод и за доделување на награди на сите кои беа најдобри на распишаните конкурси.
На централна приредба пред сите присутно беше наградени и ученикот – првенец на генерација, а тоа е ученикот од 9-а одделение Христијан Кочовски.
Беше доделена и награда за посебни резултати постигнати во областа на спортот ученичката Андреа Стојановска од 9б одделение. Награда за спортски постигнувања доби и женската екипа во одбојка со нивниот наставник по физичко и здравствено образование, Џими Геровски, за освоеното второ место на државно ново.
За успешна реализација на проекти како во наставата така и во воннаставни активности значајна е соработката со локалната , деловна заедница и институциите. По тој повод благодарници се доделени на РЕК “Битола“, ЈП “Комуналец“, ФОД, “Графопром“, ДАКА – Лифт, ресторан “Папараци“.
Инаку, да потсетиме дека основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола е едно од најстарите училишта во нашиот град коешто постои и работи уште од шесеттите години на 19 век. Низ своето постоење од век и половина ѕидовите на ова учииште се неми сведоци на тоа што се случувало во него и поминало. А низ него поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината. Мнозина од нив станале познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествене дерјност ја задолжиле Битола.
Денес ова е современо училиште со современа организација на севкупната воспитно-образовна дејност, опремено со современи и модерни наставни стредства и технологија, интересот и вложениот труд и квалитет на наставниците, програмите за работа на педагошко-психолошката служба и директорот на училиштето.
Жанета Ристевска