Press "Enter" to skip to content

Известување од ЈП “Стрежево“ за користење на вода

Се известуваат сите водокорисници дека согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП “Стрежево“-Битола бр. 02-287/6 од 17.05.2019 година.

1. Договорите за користење на вода со индивидуалните корисници да се склучат од 20.05.2019 до 15.06.2019 година

2. Индивидуалните корисници кои нема да го испочитуваат рокот наведен во точка 1 ќе го плаќаат годишниот надоместок за искористена вода зголемен за 1.000,00 денари-казна за ненавремено пријавување

3. Сите корисници на вода за наводнување од ХС „Стрежево“ кои нема да ги пријават површините и земјоделските култури и нема да склучат договор за наводнување, а самоволно ќе пуштат вода за наводнување, за така наводнатите површини, односно култури, ќе плаќаат за 100% зголемена цена од постоечката.

ЈП„Стрежево“-Битола