Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: уапсен битолчанец со мерка “апси“ на аеродром, напад на полицаец и три други напади

На 27.05.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека М.Д. (24) од Битола се наоѓа на стоп листата со мерка „А“ (апси) од СВР Битола. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 28 мај во СВР Битола, С.Н. од Битола пријавил дека истиот ден околу 02.40часот пред локал на  улица „Македонски Гемиџии” во Битола физички бил  нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

На 27 мај околу 21.40 часот во зградата на СВР Битола, при превземање на службени дејствија,  полициски службеници беа омаловажувани и навредувани одлицето К.М.(61) од Битола. Тој бил  лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против его ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27 мај во СВР Битола, П.Ш.(30) од с. Могила, битолско, пријавил дека во близина на основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола физички бил нападнат од лицето Г.Т. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 мај во СВР Битола, М.П. од Битола пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот на улица „Генерал Васко Карангелевски” во Битола физички бил нападнат од едно непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.