Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Сашо Коруновски, старо-нов ректор на УКЛО

Актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, е реизбран на таа функција, по одржаните непосредни и тајни избори.

Членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот му доверија нов, тригодишен мандат на Коруновски и предност наспроти неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски.

Како што е познато, актуелниот и новоизбран ректор Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови.