На 28 мај во СВР Битола, С.М.(30) од Битола пријавила дека нa 27 мај околу 21.30 часот непознато лице во кругот на Зоолошката градина физички ја нападнал и и одзел паричник со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 28 мај во СВР Битола било пријавено дека на улица „Титово Ужице“ во населба Баир, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(41), Џ.Р.(44) и Р.Р.(22), од една страна и Е.В(44), Е.В.(23), М.В.(44), С.В.(24), од друга страна, сите од Битола. Според пријавеното, притоа биле употребени разни предмети. Се превземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.






