Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, ги потпиша договорите за два нови проекти со кои ќе се изгради парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица во Битола и адреналински парк на Пелистер во средност од 140.000 швајцарски франци.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на двата повици за инвестициски и иновативни проекти во рамки на грантовата шема на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” имплементиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка успешно аплицираше два проекти и тоа:
-Изградба на регионална инфраструктура за социјална инклузија за маргинализирани групи – Парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица и
-Иновациите во функција на регионален развој на туризмот – ”Пелагонија создадена за авантура”.
Проектите ќе се реализираат во наредниот период, а нивната вкупна вредност изнесува околу 139.000 CHF средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.






