Во клиничката болница во Битола се одржа прес-конференција на која преку која сакаат да ја информираат пошироката јавност за имплементација на проектот за меѓугранична соработка со Грција, насловен “Инифициран информационен систем за размена на информации на примарно ниво во пограничниот регион за итни случаеви“.
Билјана Христовска, реководител на АОП при Клиничка болница за овој проект рече:
-Една од активностите на овој проект е набавка на дигитален мамограф кој моментално го нема во Клиничката болница, за што веќе тендерот е во тек, а набавката ќе заврши во текот на летото. Потоа во септември, по извршеното мапирање на теренот, во Битола и околината ќе се врши скрининг на жени кои ќе бидат посечени од лекарскио тим, во кој се д-р Николина Ристевска- гиниколог и д-р Александар Димовски-ренгенолог-гиниколог. Во мапирањето ќе бидат опфатени жени од Битола, Новаци, Претор, Грнчари, Меџитлија, како дел од пограничниот регион опфатен со проектот. За оваа цел ќе има инфо-денови кои ќе се одржуваат во населените места кои се опфатени. Многу мал жени имаат мамографски прегледи, па затоа ќе има обезбедено најмалку за 200 жени скриниг, а доколку има потреба и се јават поголем број на жени сите ќе бидат опфатени во проектот. За сите ќе има бесплатен превоз до Битола од местата каде живеат.
-Гиниколог, Николина Ристевска, за овој проект рече:
-Во последните пет години од карцином на грло на матка починале 53 жени. Дијагноза се поставува со неколку методи, а скринингот по ПАП текст може навреме да ги открие претканцерозните промени, а кои доколку се лекуваат и третираат може да се спречи појавата на карцином на грло на матка. Овој карцином може да се превенира и со вакцинација против ХПВ вирус, а високо ризичниот тип 16 и 18 во 72 проценти од случаите, причинува канцинот на грло на матка.
-Најновите препораки се да се подигне свеста кај женската популација и жените да одат на редовни гиниколошки прегледи, а што е и цел на овој проект, вели д-р Александар Димовски, кој додава:
-Статистиката вели дека само 55 проценти од жените кај нас во државата имаат избрано матичен гиниколог. Од овие кои имаа матичен гиниколог кај 44 проценти се испратени покани, а прегледи направиле само 27 проценти. Односно бројот на жени кои во континуитет прават ПАП тестови и ХПВ тестови е само 15 проценти. Жените од 35 до 65 години на секои три години треба да прават ХПВ тест, а под 30 години да правата ПАП и ХПВ тестови, бидејќи се знае дека причинител за карцином на матка е вирусот ХПВ 16 и 18. Сега има ваквини, кои се девет валентни, а се вакцинираат девојчина од 9 до 13 години во три наврати, за време од шест месеци.
Проектот е финанансиран од Европската унија, а 15 проценти од македонското министерство за здравство и локална самоуправа.






