Француската алијанса во Битола на необичен и забавен начин им ги додели сертификатите на своите ученици, кои таму го изучуваат францискиот јазик.
Француската алијанса во Градскиот парк во Битола, по повод доделувањето на сертификатите организира завршна забава и доделување на истите, а сите заедно поминаа убави моменти, професорите заедно со учениците, а не недостасуваше сонце и детски насмевки за крајот на школската година!
Сертификатите на учениците им го додели почесниот конзул на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија.
Учениците на штандовите ги претставија нивните изработки на цртежи, уживаа во храната, цртаа графити, правеа селфи… а играа и многу игри преку кои одлично се забавуваа.

Фото вест: француската алијанска со хепенинг во градскиот парк ги додели сертификатите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)





