Во присуство на бројни гости, пријатели на клубот од земјата и странство, членовите на Ротари Клубот Битола, Широк Сокак одбележа 10 години од своето постоење.
На прославата на овој јубилеј, членовите на клубот ги претставија проектите, донациите кои ги имаат реализирано во изминатите десет години од формирањето. А, секако се потсетија и на дружењата кои ги имаа во изминатите години, преку големиот број на организирани настани.
-Продолжуваме со уште поголем елан и ентузијазам, порачаа членовите на Ротари Клубот Битола, Широк Сокак, следејќи го мотото на “ротаријанците“ од целиот свет “Служба над своите интереси“.
На синоќешната прослава битолските “ротаријанци“ го најавија и следниот голем проект “Да засадиме иднина“ во рамките на соработката со јавното претпријатие “Македонски шуми“, а со овој проект ќе се спроведуваат акции за пошумување на околината на Битола.






