Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ: самоконтолата на умот и емоциите ми помогнаа да се справам со сите предизвици во мојата кариера

Пишува: Жанета Ристевска

За мојот соговорник можам да кажам дека самото  споменување на неговото име буди респект, бидејќи  може да се каже дека неговата  личност го одбележаа општествено- културниот и  спортски живот на Општина Битола, посебно во промовирање на боречките вештини (Martial Arts). Би го опишала со зборови како достоинствен, сериозен,  одмерен, со карактеристичен длабок глас, кој остава силен впечаток заради кој го слушаш и му веруваш. Повеќе сакам зборови, но сметам дека за неговата богата и успешна кариера зборуваат броеви и тоа значајни, а еве дел од нив и некои значајни датуми за овој спорт во Битола и државата:

-37 годишна кариера во професијата правник како раководител во секторот за правно- нормативни  и административно- општествени работи при Општина Битола каде примил повеќе од 100.000 странки  ислушал, им помогнал за разноразни претставки и проблеми.

-шеф на протокол и кабинет на 12 градоначалници од кои 4 во плурализмот, а другите претседатели на општина Битола,  а како шеф на протокол со комплетно обезбедување пречекал многу делегации како меѓународни, политички, културни. Потоа државници, министри, политичари градоначалници,  и други кои доаѓале во   Општина Битола.

-неговото име  се поврзува со зачетоците на боречките вештини  во Битола и пошироко.  -носител е на титули 5 ДАН во џудо и џиу-џицу титула во  боречките вештини,

-носител на 7 ДАН – реален аикидо,

-Во 2007 промовиран во  почесен член на “Европската куќа на славните“  за боречки спортови (MartialArts) како единствен од нашата држава. Во истата почесно место имаат и браќата Јорга, и легендарниот  Љубомир Врачаревиќ, основачот на Светскиот центар за реален аикидо и  носител на титулата – 10 ДАН во реален аикидо.

-9 ноември 1969 формирање на џудо клуб Пелистер и тој членува во истиот од самото формирање.

-тренер од 1975 во џудо клубот Пелистер, низ кој продефилирале повеќе од 3.500 членови меѓу кои се натпреварувале и освојувале награди на разни меѓународни и други првенства.

-1986 станал прв аикидо мајстор во СРМ и истата година го оформил Аикидо клубот Пелистер и 10 години обучува кадар и отвора 10 клубови низ државата.

-во 1996 година ја основал аикидо федерацијата на Македонија единстевна со седиште во Битола.

-оформил повеќе од 26 клубови низ државата.

-одржал повеќе од 100 семинари на тема боречки спортови

-член е на бордот директори на Светскиот центар за Реален Аикидо за регионот на Балканот

-го оформил будо-центарот Пелистер со трите боречки вештини (Martial ARTS) на џудо, аикидо и џиу џицу.

-денес е супервизор на 18 клубови во рамки на Светскиот центар за реален Аикидо за Балканот со седиште во Белград, покрај Ана Врачаревиќ, керка на големиот мајстор Љубомир Врачаревиќ.

-од 1977 година пишува брошури, скрипти и статии за боречките вештини на тлото на СФРЈ,

-издава прва книга за цудо во 1984 година во СРМ и пошироко во СФРЈ,

-во 1989 година промовира прва видео касета за 20 годишнината од оформувањето на џудо клубот Пелистер.Повод за разговорот одбележување на 50 години од оформување на џудо клуб Пелистер. Кажете ни повеќе околу овој јубилеј?

-Џудо клуб Пелистер од 1967-69 функционираше како џудо и карате  секција во ДТВ Партизан и оформен е на 9 ноември во далечната 1969 година од кога и функционира. Од неговиот почеток јас сум активен член, а од  1975  јас  сум тренер во овој клуб. Во него за овие 50 години продефилирале повеќе од 3.500 членови и успешни натпреварувачи кои тренирале во различни возрасни групи од 7 до 77 години. Јас отворено кажувам дека овој клуб бил “расадник“ на таленти од кој произлегле врвни натпреварувачи во оваа боречка дисциплина. Клубот има најдобра школа и посебен аспект е ставен на базичната техниката.  Би нагласил дека тренирањето може да биде од повеќе аспекти на базична техника и да се подели со натпреварувачки карактер, потоа техниката на самоодбрана или самоодбармбен дел кој се  нарекува “џиу џицу“ и рекреативено занимавање со џудо. Сите овие аспекти овозможуваат да биде опфатена цела популација на оние кои сакаат да се занимаваат со оваа дисциплина. Тука поминале неколку генерации и сега веќе тренираат деца, внуци на оние кои  започнале да тренираат во џудо клубот Пелистер. Сега и долната граница се поместува и имаме мали ученици од 4 години, а моја насока и цел  е  да се помести и горната граница за тренирање на боречки вештини и погоре од 77 години.  Уште од првиот ден јас му посветив внимание на сите овие аспекти, но го форсирам одбрамбениот аспект и станувам аикидо мајстор во 1986 и формирам секција која прераснува  во аикидо клуб Пелистер и после тоа  10 години обучувам кадар за реален аикидо. Низ овој клуб исто така тренирале и успеси постигнале  голем број на ученици односно, како и споменав, повеќе од  3.500. После овој на моја иницијатива се отворени уште 10 клубови низ државата кои успешно функционираат и ја формирав Аикидо федерацијата на Македонија со седиште во Битола во 1996 година година. Будо-центарот Пелистер ги спојува сите три боречки вештини: џудо, аикидо и џиу џицу во еден клуб, чиј супервизор сум јас.Кажете ни повеќе за придобивките од тренирањето на  овие боречки вештини?

-Придобивките се големи и тие што се занимаваат со овие вештини тоа го искусиле. Ќе  набројам само некои. Ослободување од стрес, агресивност, стекнување на самодоверба, развивање на самоконтрола, координација на движењата, брзина, еластичност на мускулна сила,психофизичка стабилност. Заради тоа многу е добро да се започне на мала возраст и особено за намалување на бес, гнев и агресивност кај децата. Развивањето на техника на самоодбрана ја зголемува самодиовербата кај децата исто така. Како што нагласив тренирањето може да биде во дух на натпреварувачки, самоодбрана и рекреација.  Тука нема место за агресивност и  таквите деца, едноставно ако не можат да воспостават контрола на агресивното однесување обично и  се откажуваат. Границата на започнување е од многу мала возраст 5-7 годишна возраст и таа се поместува надолу3-4 год. Но, би нагласил дека секој може да се занимава со оваа вештина и да започне и подоцна, но мора да тренира редовно и упорно, за да се постигнат резултати.  Со тренирање на оваа вештина исто така развиваат борбеност и упорност како значајни карактеристики на личноста. Тие се учат да не поминуваат долго време со новите технологии комјутери или смартфони,каде сме пасивни и завземаме еден летаргичен став за се, околу нас, односно да бидеме пасивни набљудувачи на реалниот живот околу нас без да завземеме некој став. Со сите наши обуки ние делуваме мотивационо, воспитно и сакаме да допреме до сите, но најповеќе до децата.Кажете ни повеќе  околу активностите за одбележување на големиот јубилеј 50 години на џудо клубот Пелистер?

-Овој голем јубилеј би сакал достојно да го одбележиме и затоа ќе има повеќе  активности и настани распоредени  во  повеќе етапи. Започнуваме на 29 јуни со собир на Аикидо мајстори од  регионот и полагање за високи мајсторски титули ДАНОВИ, на 30 јуни – полагање за мајсторски титули во џудо ДАНОВИ. Потоа во август ќе има голем меѓународен семинар во реален аикидо, џудо и џиу џицу  кој ќе се одржи во хотел “Молика“. На 28 септември ќе се одржи државното првенство за деца и кадети во џудо на кои ќе присуствуваат и кандидатите за јуниорската репрезентација за џудо во Македонија. Тогаш ќе има голем број гости од странство, значајни во овие области. Во ноември околу 9 ноември кога и се одбележува големиот јубилеј, се предвидени  промоции на  ДВД-трилогијата за реален аикидо во Македонија и промоција на монографија “50 години џудо и за реален аикидо во Битола“. На почетокот на ова интервју за вашата успешна кариера и биографија напишав дека  Вашето име и  личност како да  го одбележаа општествено, културниот и спортски живот на Општина  Битола во последните 4 децении. Имено во вашата биографија – професија правник и раководител на правно нормативна служба во Општина Битола и шеф на протокол и кабинет. Кажете ни повеќе за оваа ваша професија правник  и  како се справувате со предизвиците на работното место­.

-Раководител во секторот за правно-нормативна  и административно- општествени работи при Општина Битола сум повеќе од 37 години и каде сум примил, или низ мои раце поминале повеќе од 100.000 странки, кои побарале помош или искажале проблем, а сите биле ислушани и љубезно дочекани. Тука би нагласил дека многу ми помага самоконтилата и справувањето со стресни ситуации тренирањето на овие боречки вештини. Сум имал многу разлилчни ситуации кога требало да се реагира навремено и стабилно без стрес. Како шеф  на кабинет сум бил во функција на 4 градоначалници и претседатели на Општината вкупно 18. Како шеф на протокол сум пречекал државни делегации, 5 странски и 4 домашни претседатели на држави, градоначалници. Притоа организација од пречек до сместување која знаете треба да е беспрекорна кога се работи за високи државници и делегации. Тука ми помага многу мојата способност за организација, но и чувството за перфекционизам за се да биде под контрола и ред. Претседател сум на штабот за кризни ситуации, а на последните избори и претседател на Општинската изборна комисија.  Кога се во прашање спортските функции би споменал дека сум потпретседател на Сојузот на спортови на Битола и претседател на македонската аикидо федерација и потпретседател на Сојузот на спортски федерации.Имате хоби кое секој лаик не би го припишал на вас, а тоа е свирење (тропање) тапани во слободно време

-Можам да кажам дека е повеќе пасија уште од тинејџерски години кога и сум  свирел во разни рок групи. Сега во слободното време ме опушта потполно. Како да одговараат на мојата енергија и карактер како инстумент. Уживам бидејќи овој инструмент бара координација на движење, ритам, брзина се она што се стекнува и со тренирање на боречките способности. По моите стапки тргнауваат и моите внуци, кои исто така и започнуваат  да тропаат на тапани уште од најмала возраст. Сигурно е дека она што го гледаат и им станува и нив интересно.

Кажете ни за вашето семејство..

-Татко на два деца, син и ќерка кои и ми биле се во животот, за нив сум се борел и поминал се. Тие  сега пред се се добри личности, културни и образовани и се гордеам со нив. Успешни се во своите области и задоволни со тоа што го работат. Веќе почнуваат да градат своја кариера. Дедо на три внуци, а тие ми се сега она што ме исполнува, времето поминато со нив ме опушта и разнежнува, односно со нив сум  поинаков човек, подобар, емотивен  и можеби она што сум вистински јас. Тие ми даваат надеж повторно да се борам и понатаму во животот и покрај големиот работен стаж, јас сметам дека со моето искуство се уште ќе придонесувам на сите полиња во кои и сум бил вклучен сите овие години во мојата кариера. Како што кажав горната старосна граница се поместува и со работа, а секако и во тренирањето бидејќи секој е стар колку што се чувствува дека е односно сметам дека тоа е состојба на умот.Неговата  богата кариера,  искуство, мудрост  ме фасцинираа.  Упорност и енергија  да  не се откажуваме. Како што  ми рече „продолжуваме даље во нови искуства“. Ме воодушеви со тоа дека ќе ја помести горната граница за тренирање и постигнување успеси. Сигурна сум и дека ќе ја помести како што и ги поместил границите  на повеќе полиња во општествениот, културниот спортски живот односно во област на боречкита вештини.  Со право можам да го наречам „Гуру“ во боречките вештини кој зад него има следбеници кои и ќе ја продолжат неговата мисија во преминување на секакви граници било да се тоа по возраст, пол, национслност, раса…   

Фото: Сашо Ристевски

Ентериер: ресторан “Белведере“

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »