На 02.06.2019 во 21,20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред с.Радобор патничко возило „Форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(44) од с.Канатларци–прилепско излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле: С.Џ. и сопатниците Е.Џ. (29) од с.Канатларци, М.З. (21) од Р. Турција, М.С. (20) во Р.Турција и А.Д. (22) од Р.Турција.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.






