Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот, Гоце Стојаноски, избран за претседател на Сојузот на Ротаракт Клубови 

Во Музејот во Општина Неготино, Сојузот на Ротаракт Клубови одржаа сотанок на кој  битолчанецот Гоце Стојаноски   од Ротаракт Клуб Широк Сокак едногласно е избран за Претседател на Сојузот на Ротаракт Клубови.
 
Сојузот го сочинуваат сите 11 Ротаракт Клубови од земјава, во градовите Скопје, Битола, Куманово, Кочани – Виница,  Кавадарци, Прилеп, Неготино, Велес и Охрид. Ротаракт  Клубовите се дел од светската Ротари заедница, здруженија на млади лидери, потенцијални идни лидери од разни области во општеството. Членовите на овие клубови се млади лица на возраст од 18 до 30 години.
 
Претседателот Гоце Стојановски е успешен млад битолчанец, магистер архитект, сопственик на градежна компанија во Битола.
 
Мисијата и целите на овие клубови нашата држава е служење на заедницата, развивање на општеството преку најразлични проекти, поттикнување на акции иницијативи во средината во која што живеат. 
More from ВестиMore posts in Вести »