Press "Enter" to skip to content

Презентација на дел од работењето на “Плодност“ на конгрес на акушерки во Србија (фото)

На 3 Конгрес на акушерки на Република Србија со меѓународно учество под мотото “Знаење, вештини и емпатија-тројството на породувањето“, кој се одржа од 24 до 26 мај во Белград, Република Србија, учествуваа четири медицински сестри од болница “Плодност“.За прв пат, покрај учеството, со своја презентација се претстави одговорната сестра на операционите сали и ИВФ одделот Анета Јошевска Дамчевска, на тема “Улогата на медицинската сестра во ИВФ одделот“, со што всушност се изврши презентација на дел од работењето на Болница “Плодност“ пред присутните учесници. На конгресот, покрај Јошевска Дамчевска, учествуваа и медицинските сестри –акушерки Надица Нешковска и Александра Димовска, како и Силвана Божиновска, медицинска сестра во одделот неонатологија. На овој престижен меѓународен конгрес, присуствуваа медицински сестри од сите земји на поранешна Југославија, како и од Велика Британија.  Ова беше одлична можност за нашите претставнички да ги разменат искуствата со своите колешки од регионот и пошироко, како и да го зголемат својот капацитет на знаење, за што добија и соодветни сертификати.

More from ВестиMore posts in Вести »