Press "Enter" to skip to content

Битола и Лерин заедно да делуваат во случај на кризни ситуации, преку проект од ЕУ (фото)

Денес во хотелот “Милемиум“ во Битола во организација на Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа прекуграничен настан за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи, во ракмите на проектот: ”Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор J-CROSS”, а буџетот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион е околу 300.000 евра.На средбата задоа учество партнерите на J-CROSS проектот, како и претставници на институции и организации од двете прекугранични земји кои работат на оваа проблематика.Целта на прекуграничниот настан е пред засегнатите страни и институции да се претстават целите на проектот, како и активностите кои следуваат во наредниот период во чија што реализација овие институции треба да се вклучат, а за проектот директор на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, Гого Видимче, кој прво поздрави гостите од Грција и појасни:-Конретно со овој проект кој е делумно финансиран и од министерсвото за локална самоуправа на нашата Влада е планирано да се направи зафат на Елешка Река каде има големи поплави, а решението ќе се бара со бај-пас што ќе го смени текот на реката во нов дел од речното корито. За таа цел  набави и нов багер со кој ќе се одржува речното корито, а ќе се кориси и за други инфраструктурни зафати во општина Новаци каде е реката.

Потоа додаде Видимче со овој проект планирани се и тренинзи на специјализираните екипи од двете држави, преку кои ќе се зајакнат капацитетите за евентуално делување во непогоди, а тимовите од двете земји заеднички да делуваат, со што о тоа ќе се подигне нивото на хуманост и солидарност во пограничните региони.За целите на проектот зборуваше и Вангелис Кацарос од Универитетот Аристотел од Солун, која како експерт за цивилна заштита, рече:-Проектото има две главни цели. Првата е луѓето да знаат дека за цивилната заштита да функционира треба сите да се грижат, а втората која посебно е потенцирана со овин проект да се изгради доверба и да се заштитиме граѓаните на двете земји. Ако нешто лошо се случува во Битола луѓето од Лерин да дојдат да помогнат и секако и обратно.Со проектот се опфатени и други точки на соработка како инсталирање систем за рано предупредување и тревожење, изработка на меѓуграничен план за превенција и управување со ризик, интегриран план за превенција од земјотреси, мрежа од повеќе метео-станици и GPS уреди за следење свлечишта на патишта и брани.Проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи од човечки фактор J-CROSS“ кој го спорведува Центарот за развој на Пелaгонискиот плански регион со други парнери, финансиран од ИПА програмата 2014-2020, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа.

More from ВестиMore posts in Вести »