Општина Битола, ги известува граѓаните на Битола, дека во периодот од 10 јуни 2019 година (понеделник) до 10.09.2019 год, во терминот од 19.оо до 24,оо часот, се забранува моторниот сообраќај со поставување на физички препреки на спојот на ул. ”Димитар Илиевски Мурато” и ул. ”Широк Сокак“ со што се овозможува безбеден пешачки сообраќај.
Одлука за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќајот во централното градско подрачје е објавена во Сл. Гласник на Oпштина Битола бр.7/99.
За нејзина успешна реализација неопходна е Ваша активна вклученост.






