Недела на прослави кога полуматурантите од 9 одделенија го прославуиваат завршувањето на своето школување во основно образование. Со тоа завршува еден период од нивниот живот и заминување во средно образование.
Крајот се означува со полуматурантска прослава за која се подготвуваат уште во текот на годината со фотографирање за алманах и на крај полуматурантска прослава, која за нив има големо значење.
Традиционално полуматутрентите од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ на тој свечен ден најпрво се собраа во дворот на своето училипте каде започна прославата меѓу соучениците, ученици од други училишта, родители…
Многу спомени кај сите од времето поминато во учишните клупи, школскиот двор, но солзи во очите што се разделуваат со своите другари и се она што ги врзува со училиштето. Потоа заедно со директорот, класните раководители и наставниците го продолжија прославувањето, а тие им посакаа многу среќа и понатамошни успеси во школувањето.






